Жорге Мендеш има план: Еве како ќе ги размести играчите на Баерн и Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалски агенти во светот, Жорге Мендеш го припрема е теренот за трансфер на три свои клиенти.

Еден од неговите клиенти е Ренато Санчез од Баерн Минхен. Португалецот пристигна пред две години во Баварија како голем талент, но не успеа да се наметне.

Минатото лето замина на позајмица во Свонси, но и таму не успеа да се снајде најдобро, па сега Мендеш сака повторно да го врати во Премиер лигата.

Имено, за него силен интерес покажува Вулверхемптон. Но, Мендеш не сака двајца негови клиенти да бидат конуренти во еден ист клуб, па Рубен Невеш, кој оваа сезона блескаше во дресот на Волвс ќе го пресели во Милан.

Меѓутоа, тоа не е крај, Мендеш планира и напаѓачот на „росонерите“ Андре Силва да го пресели во Вулверхемптон.