Home Спорт Жорди Алба разочаран од Барса – Јунајтед и Челзи во акција

Жорди Алба разочаран од Барса – Јунајтед и Челзи во акција

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба е многу разочаран и изнервиран од фактот што раководството на клубот се уште не му предложило нов договор.

Актуелниот договор на 29-годишниот шпански репрезентативец истекува после две сезони, но веќе 18 месеци тој и неговиот агент чекаат понуда од Барселона за нов договор.

Алба е разочаран од пасивноста на раководството и веќе размислува да ја промени средината, а каталонски „Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед и Челзи покажуваат силен интерес за него.

„Ни кажаа да не бидеме загрижени и дека ќе ни се јават, за да потпишеме нов договор. Но се уште чекаме, а од тогаш поминаа 18 месеци. Не разбирам ништо. Можеби тоа е нормално за Барса, а можеби не се задоволни од игрите на Алба иако тој е дефанзивец со најмногу асистенции во европскиот фудбал“, изјави агентот Висенте Форес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…