Home Актуелно Како на филм: Снимка од брутално убиство во Подгорица на газдата на дискотека Beagle

Како на филм: Снимка од брутално убиство во Подгорица на газдата на дискотека Beagle

Српски „Курир“ објави снимка од бруталната ликвидација на Миодраг Крушчиќ, сопственик на популарната дискотека Beagle, кој беше застерлан во населбата „Стари аеродром“ во Подгорица. На снимката може да се види крупен човек, облечен во црно, со качулка на главата и силиконска маска на лицето, кој се приближува на масата каде Миодраг седи со новинарка од „Вјести“ и пука во него.

Крушчиќ, кој го забележал како доаѓа, стануа од масата, но убиецот веќе пука во него.

За решителноста на убиецт најдобро зборува и фактот дека Крушчиќ, повреден, се обиде да избега, но по два – три метри паѓа на тревата. Убиецот потоа се доближува и пука уште неколку пати во него, а потоа си заминува по истиот пат, од каде што дојде.

И додека трае полициската истрага, се претпоставува дека Крушчиќ е нова жртва на војната помеѓу мафијашките кланови во Црна Гора.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …