Живот после смртта: Фиорентина го продолжи договорот на Астори!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Фиорентина Давиде Астори почина на 4-ти март 2018 година, а една годна после неговата смрт раководството на „виолетовите“ направи порег за восхит.

Имено, Фиорентина направи прекрасен гест кон неговото семејство и постхумно му го продолжи договорот на Астори.

Најпрво беше објавено дека семејството на Астори ќе ги добие парите до крајот на неговиот договор, но Фиорентина реши да ја продолжи соработката.

Имено, агентите на Астори веќе имаа договор за продолжување на соработката со Фиорентина, но прераната смрт го спречи фудбалерот да стави потпис на договорот.

Астори го напушти овој свет на 31-годишна возраст поради срцев удар. Постхумно Италијанецот беше примен во Салата на славните во Фиренца и продолжува да биде почитуван како од последниот клуб така и од сите останати во Италија.

Потегот кој го направи Фиорентина наиде на восхит кај целата италијанска и светска јавност.