Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
19-годишната Лучиана Бенион, ќерка на богатиот наследник на тутунската индустрија Траверс Бенјон, на Инстаграм познат како Кендимен, а наречен и „Австралиски Хју Хефнер“ поради својот животен стил, откри детали од приватниот живот во луксузната вила „Candy shop“.
Таму живее со нејзините две сестри, братот, таткото, неговата сопруга Таеш – и неговите љубовници.
Убавицата која гради манекенска кариера се опишува себеси како девојка со отворен ум, па животот со „многуте жени на тато“ не и е тежок.
View this post on Instagram
И покрај големото богатство на нејзиниот татко, младата Лучијана ја нашла својата прва работа во Мекдоналдс на 15-годишна возраст, а полиаморијата на нејзиниот татко не е нешто што таа би сакала да го доживее.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
„Мислам дека тој начин на живот имаше најголемо влијание врз мојот живот, заедно со мајка ми и тато. Среќна сум што ме научија да прифатам различност. Се сметам себеси за благословена што живеам во таа куќа и не би менувала ништо.Тоа е сепак нормална семејна куќа.Да, тато има жена и уште неколку девојки, но сите сме семејство .Многу се забавуваме, но правиме и многу повеќе затоа што имаме големо ‘семејство’. Животот со татко ми е многу забавен. Тој знае како да живее и им покажува на сите како да го извлечат најдоброто од животот “, изјави младата наследничка во интервју за Мирор.
View this post on Instagram
Иако нејзиниот татко е обвинет дека е сексист, таа ги негира обвинувањата.
„Тој има неколку девојки истовремено и сите живеат заедно. Лично, не можам да го сторам тоа, но ако успее, немам ништо против”, рекла гордата ќерка.
Таа не разбира зошто јавноста е толку згрозена од однесувањето и ароганцијата на нејзиниот татко.
View this post on Instagram
„Тој е опкружен со убави жени, сака да ги разгалува и прави се за да се чувствуваат добро. Мислам дека е смешно што луѓето го обвинуваат дека ги сведува жените на ниво на сексуални објекти. Што е со милионите жени кои објавуваат полуголи селфи на социјалните мрежи и имате милиони следбеници? Жените треба да имаат избор да се изразат“, тврди Лучијана.
Неговото однесување не и е чудно бидејќи отсекогаш го гледала само како нејзин татко и едноставно го сака таков каков што е.
„Имам убав однос со сите девојки кои живеат во куќата. Со сите се согласувам одлично, забавно е. Живеев со еден куп постари девојки од кои гледав и научив се. Тоа многу ми помогна во животот и секогаш беа тука за мене. Единствено ми е важно што татко ми е среќен, не ми е гајле што прави“, вели убавицата.
49-годишниот Траверс е познат по своите големи забави кои ги одржува секоја година во неговата вила Candy Shop, во која има повеќе од 1.200 ВИП гости.