Карпош и Центар со најголема излезност до 15 часот на вториот круг од локалните избори


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Според податоци на Државната изборна комисија до 15 часот, најголема излезност на гласачи има во општината Карпош со 38,94 проценти, а потоа во Центар со 37,81 излезени гласачи.

Потоа следуваат општините Кисела Вода – 35,11 проценти, Аеродром – 35 проценти, Ѓорче Петров – 33,51 проценти, Гази Баба –30,55 проценти, Бутел – 29,79 проценти, Чаир 30 проценти, Шуто Оризари со 21,55 отсто излезени гласачи, а во Сарај излезноста изнесува 15,85 проценти. Од поголемите општини најголема е излезноста во Битола и во Охрид.

Во Битола излезноста до 15 часот изнесува 42,24 проценти, во Куманово излегле 29,60 отсто од гласачите, во Охрид 41 отсто, Кичево 32,44 отсто, Тетово 31 отсто, a во Гостивар изнесува 28,15 отсто.