Жителите на Сиднеј кои не се вакцинирани против Ковид-19 можат да останат без леб


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според информациите кои ги пренесуваат австралиските медиуми, жителите на Сиднеј кои не се вакцинирани против коронавирусот, ризикуваат да добијат забрана за извршување најосновни работи, како на пример – купување леб во продавница.

На невакцинираните луѓе веќе им се скратени некои активности кои постепено ќе им бидат одобрувани на вакцинираните, но премиерот на Нов Јужен Велс, Гладис Береџкилијан, најави дека на луѓето кои одбиваат да се имунизираат ќе им биде забранет влез во продавница и во ресторан дури и откако државата ќе ги укине сите ограничувања.

– Голем број компании објавија дека нема да прифатат невакцинирани муштерии, а тоа значи дека животот на невакцинираните ќе биде многу тежок на неодредено време – рече Береџкилијан.

Австралија најави дека постоечките мерки и забрани од 11 октомври веќе нема да важат за вакцинираните жители.