Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска, вторник, 17. август, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне во горниот дел на Повардарието од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје, сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. Маврово 29, Охрид 33, Битола 35, Крива Паланка 35, Берово 33, Кавадарци 38, Дојран 39.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.