Жешка бринета: Андреа Брачиќ ќе се натпреварува за најубава жена во Босна и Херцеговина (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Андреа Брачиќ од Мостар е во борба за титула најубава жена во Босна и Херцеговина. Таа ќе се натпреварува во најпрестижниот избор на убавици, а победникот од тој натпревар ќе ја претставува Босна на Филипини на изборот на Мис на Светот.

Андреа има 21 година и студира односи со јавност на филозофскиот факултет во Мостар.

Оваа убавица веќе има завидна кариера во светот на моделите и неодмна стана заштитно лице на словенската „Лиска“.

Многу и предвидуваат блескава кариера и во наредниот период оваа млада Мостарка ќе снима два едиторијали за познати светски модни списаниа, а исто така е во преговори со еден од најпрестижните светски брендови.

Андреа за својата совршена фигура најмногу заслужен го смета фитнесот и вели дека тоа е еден од најдобрите начини да се чувствува добро.