Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Искористете ги вашите прсти и таа ќе ве сака уште повеќе…
Машките секогаш се обидувале да откријат и да пронајдат начин како да ги возбудат жените. Не се кажува случајно дека жените се најголемата загатка на овој свет. Ние машките сме многу поедноставни, неколку допири се доволни за нас да се чувствуваме добро, додека со жените приказната е сосема различна.
Па така, поентата е дека морате да ги искористите сите делови на вашето тело ако сакате да ја возбудите вашата партнерка и да и обезбедите незаборавно искуство. Вашите прсти мораат да бидат вашето најмоќно оружје, а ние ќе ви дадеме неколку совети како да го постигнете тоа.
- Допирајте различни делови на телото
Машките често прават грешка и се фокусираат само на интимните делови на телото. Жените сакаат различни допири, на различни делови од телото. Ако се фокусирате само на една точка, тоа веројатно ќе им стане многу досадно. Нежните допири со прсти ќе ги опуштат и возбудуваат.
- Експериментирајте со движењата
Машките не сакаат многу да експериментираат со своите прсти и често се држат на една иста рутина, но секоја жена сака различни работи, затоа е добро да се обидете да го менувате ритамот и рутината од време на време. Така најдобро ќе видите што вашата партнерка сака.
- Не користете ги прстите само за време на предигра
Прстите се одлични за време на предигра, но треба да продолжите да ги користите и подоцна, машките често ја прават оваа грешка и забораваат да ги вклучат своите прсти.
- Задевајте ги
Прстите се одличен алат кој ќе ви помогне да ја задевате вашата партнерка и да ѝ го разбудите вообичаеното маштање. Избегнувајте ги најосетливите делови и допирајте ја околу нив. Така ќе се зголемува нејзината желба.
- Не брзајте
Мажите често знаат да претераат и да мавтаат со прстите како луди. Ова често им пречи на девојките, па затоа е добро да правите лесни движења со прстите. На овој начин подобро ќе ги стимулирате нејзините чувствителни точки.