ЖЕНАТА НА РАБОТА, А МАЖОТ ДОМА СО ДЕЦАТА: Научниците открија како влијае врз здравјето, замената на традиционалните улоги!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Далеку во минатото останаа времињата кога мажот дома носеше пари, а жената остануваше со децата. Со еманципацијата и новите работни места, улогите во некои случаи се заменија. Како тоа влијае на среќата и задоволството во бракот?

Замената на традиционалните улоги ги прават двата пола несреќни, покажа најновото истражување од Универзитетот во Илиноис. Во семејствата каде жената е глава на семејството и главен темел во финансиското обезбедување имало повеќе случаи на депресија. Имено, мажите патат од ниска самодоверба ако се чувствуваат бескорисни, а жените сметаат дека целиот финансиски товар на нивниот грб е повеќе од што можат да поднесат.


Истражувачите го анализирале животниот стил на 1500 мажи и 1800 жени помеѓу 52 и 60 години. Заклучија дека расположението кај мажите значително опаднало кога морале да прават домашни работи и да чуваат деца. Од друга страна, семејните и домашните обврски немале ни малку лошо влијание врз жените.

„Резултатите ја поддржуваат востановената хипотеза: има помал бенефит за мајките и татковците кои ги прекршуваат родовите очекувања за поделба на работната сила и поголем бенефит за родителите кои се прилагодуваат на тие очекувања“, вели авторката на студијата Карен Крамер за Дејли Меил.

Додека современите жени имаат поголеми можности за образование и кариера отколку нивните мајки и баби, очекувањата на околината за улогите на мажите и жените поспоро се развиваат, велат истражувачите.


Многу мажи и жени кои отстапуваат од „конвенционално родовите улоги“, особено татковците кои напуштаат работа за да се посветат на децата и домот – негативно се прифатени во општеството, што за возврат може да влијае на нивното ментално здравје, наведува студијата.

Истражувачите открија и дека жените кои верувале дека тие и нивните мажи имаат иста одговорност за заработката и грижата за децата, се со подобро ментално здравје.