Живот

Жената која најмногу ја сакал: Оставен и повреден, се направил „Бог“ само од инает..?!

Еден ден, сиромашно момче запросил богата девојка, а таа му одговорила: „Твојата месечна плата е еднаква на мојот дневен трошок, па како очекуваш да прифатам да се омажам за тебе?“

Иако го повредиле нејзините тешки зборови, момчето не можело лесно да заборави. Уште ја сакал. Десет години подоцна, случајно се сретнале во трговски центар.

„Еј, ти“, викнала по него. „Како си? Јас сум сега мажена и знаеш ли колку му е платата на мојот сопруг? 15000 долари месечно , можеш ли тоа воопшто да го замислиш? А, покрај сето тоа, мојот маж е многу паметен“.

Момчето било тажно и одвај ги држело солзите од повторно тешките зборови на жената која некогаш ја сакал. Набрзо пришол нејзиниот сопруг. „Здраво шефе, овде сте. А гледам сте ја запознале мојата сопруга“.

Потоа се свртел кон својата жена: „Драга, ова е мојот шеф кој ги води работите вредни 100 милиони долари. А замисли успеал да се обогати за инат на една жена. Слушнав дека многу ја сакал, а таа го повредила. Замисли колку добар живот таа би имала да не го оставела“.

Жената останала нема, била шокирана.

Од оваа приказна научивме дека никого не треба да гледаме од висина. Бидејќи кои сме ние да мислиме дека сме подобри од останатите. Парите не се мерило за среќа, а не е ниту критериум по кој би требало да вреднуваме некого.

Loading...
To Top