Марин издаде решение за стопирање на изградбата кај „Мајчин дом“, но на 15 дена?! – Што потоа…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денешната прес конференција, градоначалникот на општина Аеродром истакна дека е издадено решение за стопирање на изградбата на повеќекатница на просторот кај „Мајчин Дом“.

Златко Марин посочи дека во разговор со инвеститорот издал решение за изградбата за стопирањее на 15 дена.

„Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија, ги преземам сите можни мерки и напори со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом“, изјави Марин.

Марин вели, дека во интерес на граѓаните тука е да се заложи за сите нивни барања, и потенцираше дека во петок ќе има Вонредна седница во Општината на која ќе можат да присуствуваат сите засегнати жители и  граѓански организации , се со цел да учествуваат активно во процесот.