Home Актуелно Зграда од 14 милиони евра и луксузен мебел за Министерството за политички систем – на Ахмети му славеа роденден таму

Зграда од 14 милиони евра и луксузен мебел за Министерството за политички систем – на Ахмети му славеа роденден таму

Дали така ја годеа работата или „случајно се погоди“, свеченото пуштање во употреба на новата зграда во која се всели Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците првиот вицепремиер Артан Груби го искористи со сите владини функционери на ДУИ да му организира роденденска прослава на партискиот лидер Али Ахмети.

Владата ја купи оваа зграда во вредност од 14 милиони евра која ја изгради Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а вчера таму со својата работа започна министерството под водство на Груби.

„Нашиот нов дом“ претходно напиша Груби, објавувајќи фотографии од зградата и од внатрешноста на објектот, додека пак на „роденденската “ фотографија јавноста реагираше со критики кон ДУИ дека никој не носи маска и дека нема ниту една жена на масата.

Сето ова делуваше иритантно за јавноста, особено за македонската етничка заедница, перцепирајќи го ваквиот настан како присвојување на јавен имот од страна на ДУИ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…