Home Шоубизнис Збогум Синиша!

Збогум Синиша!

Познатиот некогашен српски фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ, денеска беше погребан во Рим.

На последното испраќање на легендарниот Миха присуствуваа илјадници луѓе, меѓу кои и голем број негови поранешни соиграчи и познати фудбалски имиња. За последен пат од Михајловиќ, меѓу другите, се простија Роберто Манчини, Бруно Конти, Чиро Имобиле, Франческо Тоти, Дејан Станковиќ, Александар Коларов, Џанлуиџи Донарума и многу други.

Од својот поранешен тренер се прости и целиот тим на Болоња, на чија клупа Михајловиќ седеше до почетокот на септември годинава.

Михајловиќ почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемија.

Уште во јули 2019 година му беше дијагностицирана леукемија. Неговата здравствена состојба во еден период се подобри, па тој му се врати на фудбалот и повторно ја презеде Болоња. Но, болеста потоа се врати.

Михајловиќ беше роден во Вуковар. Кариерата ја почна во Борово, по што настапуваше за Војводина, Црвена ѕвезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

Со Црвена ѕвезда ја освои титулата европски првак во 1990 година како дел од генерацијата со Дарко Панчев и Илија Најдоски., а беше и шампион на Италија со Лацио и Интер. Со Лацио триумфираше во Купот на УЕФА и Суперкупот.

За репрезентацијата на Југославија одигра 63 натпревари и постигна десет голови.

Михајловиќ ќе остане запаметен како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. Заедно со Џузепе Сињори се единствените играчи во историјата на Серија А кои постигнале три голови на еден натпревар од слободни удари.

Синиша Михајловиќ го држи и рекордот, заедно со Андреа Пирло, според бројот на постигнати голови во Серија А од слободни удари (28).

Како тренер, пак, во два наврати ја предводеше Болоња, а седеше и на клупите на Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино., како и на репрезентацијата на Србија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џонатан Гроф се враќа на Бродвеј со монодрама за трагедија во близина на местото каде што пораснал

Добитникот на „Тони“ ќе настапи во „Амишкиот проект“, монодрама инспирирана од пукањето во…