Home Спорт Заврши регуларниот дел: ГС лидер, Чикаго и Индијана во плејоф!

Заврши регуларниот дел: ГС лидер, Чикаго и Индијана во плејоф!

Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Последните натпревари ја формираа табелата во Источната конференција, односно Индијана и Чикаго ќе играат во плејофот, а Мајами ја заврши сезоната.

НБА сезоната на првото место ја заврши Голден Стејт (67победи, 15 порази), овој тим ја освои Западната конференција и ја обезбеди предноста на домашниот терен во плејофот. На Истокот првото место го освои Бостон.

Според пласманот во првото плејоф коло на Истокот ќе играат Бостон-Чикаго, Вашингтон-Атланта, Кливленд-Индијана и Торонто-Милвоки.

На Западот Голден Стејт во првото коло за противник ќе го има Портланд, доколку ги мине Блејзерси во полуфиналето кошаркарите на Голден Стејт ќе играат против подобриот од серијата помеѓу ЛА Клиперс и Јута.

Сан Антониот ќе игра против Мемфис, а веројатно најинтереснната серија ќе биде онаа помеѓу Хјустон и Оклахома, во која еден против друг ќе играат кандидатите за МВП наградата Џејмс Харден и расел Вестбрук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…