Засиленото потење може да биде знак за скриена болест!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите луѓе се потат, но претераното потење би можело да биде знак дека нешто не е во ред со организмот. Силното потење се нарекува и хиперхидроза и може да биде толку изразено да пречи на секојдневниот живот и да создава непријатност.

Според истражувањата на американскиот Националец институт за здравје, претераното потење може да биде симптом на срцеви тегоби, анксиозност, дијабетес и други болести, пишува Медикал дејли.

Дијабетес

Еден од симптомите на зголемен шеќер може да биде екстремното потење и лепливата кожа на вратот. Потењето особено се јавува во ноќните часови. Освен тоа, некои од симптомите на дијабетесот се и тресење, глас и забрзано чукање на срцето.

Проблемот со тироидната жлезда

Постојаното потење може да биде знак на претерана активност на тироидната жлезда или хипертиреоза. Кога тироидната жлезда произведува премногу хормони, може да предизвика непрестајно потење, бидејќи ги поттикнува потните жлезди. Другите симптоми се губење на тежината и чукање на срцето.

Срцев удар

Потењето и вртоглавицата можат да бидат знак на предупредување на срцев удар. Останатите симптоми вклучувајќи притисок, силна болка во градите која се шири кон останатите делови на телото.

Анксиозност

Луѓето кои претерано се потат и кога се под стрес, чувствуваат тегоби или се преплашени.

Крцином

Претераното потење може да биде нуспојава на многу здравствени состојби како шт се паркинсова болеста или употрева на некои лекори. Понекогаш, потењето може да биде и знак на лимфом или карцином на лимфните келии.

Менопауза

Брановите на топлина погодуваат 85% од жените кои влегуваат во менопауза, пишува Хелтлајн. Слични бранови се појавуваат и во време на бременост.