Заштитна маска која не го крие лицето и одлично штити од надворешни влијанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако заштитните медицински (и други, повеќе дизајнерски, помалку заштитни) маски станаа наша секојдневна реалност, со себе ги донесоа и некои од баналните проблеми со кои се соочуваат дел од луѓето кои редовно и принципиелно си ги носат маските како основна превентивна препорака. Компанијата „Редклиф медикал девајсес“ забележа еден од поголемите проблеми и одлучи да го реши со создавање нов производ.

Поради фактот дека заштитните маски кријат речиси половина од нашето лице, не можеме да ги видиме изразите на лицата на луѓето и со тоа се комплицира вербалната комуникација. Но, што е најважно, кога носат маска, глувите лица не можат да читаат од усните и за нив се тешки сите дневни интеракции. Компанијата „Редклиф медикал девајсес“ го зела сето ова предвид и создала маска што не го крие вашето лице, а истовремено нуди извонредна заштита.

– Маската „LEAF“ е маска на 2020 година. Станува збор за првата целосно транспарентна маска што ве штити од прашина, загадување, микроби и сè друго што не треба да биде во воздухот што го дишите – тврди тимот што ја изработи маската.

Маската има високоефикасен филтер што брзо филтрира 99,97 отсто од честичките, дури и оние од 0,3 микрони. Освен тоа, ги елиминира сите непријатни мириси од воздухот.

Филтрите што оваа маска ги има го олеснуваат дишењето двапати повеќе во споредба со обичните маски. Покрај тоа, тимот тврди дека маската има функција за самочистење.

– УВ-Ц светлината ги уништува патогените на ниво на ДНК на секои 30 секунди или со притискање на копчето – вели тимот. А како дополнително ниво на заштита, вклучен е и филтер за јаглерод.

Освен тоа, тимот тврди дека маската е удобна за носење.

– Целата маска е создадена од силиконска структура. Ова ѝ овозможува да биде исклучително удобна за носење – велат од компанијата и додаваат дека маската вклучува и слој против замаглување.