Засега во Велес нема нови пациенти позитивни на делта-сојот од коронавирусот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Надлежните здравствени власти со смирувачки вести од Велес каде беше хоспитализиран 43-годишен пациент, позитивен на делта сојот од корона вирусот.

Според здравствените работници од овој град, пациентот, кој бил хоспитализиран на 28-ми јуни, веќе го минал периодот кога можел да го пренесе вирусот, но засега нема ниту еден нов случај од велешко, кој би можел да биде заразен од него.

Дури ниту неговата сопруга, која според епидемиолошката анкета, е единствен пријавен контакт, нема никави сиптоми и е негативна на Ковид-19.

Инаку, мажот се вратил од Англија на 21-ви јуни и се пожалил на кашлица и покачена телесна температура. Неговиот матичен лекар, кога дознал дека тој се вратил од Англија, каде се шири делта сојот, веднаш го испратил во инфективното одделение во Велес, каде тој бил сместен на лекување.

Тој е во добра состојба, следната недела ќе биде тестиран дали е негативен и се очекува да биде пуштен од болница.