„Зарем мислевте дека ТОЈ ќе биде херој?“: Бјелогрлиќ забрани емитување на својата серија во Хрватска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот српски актер и режисер, Драган Бјелогрлиќ, стави забрана за емитување на неговата хит серија „Сенките над Балканот“ во Хрватска, пренесува српски Informer.

Иако серијата веќе на големо се емитува во Македонија, Црна Гора и Република Српска, Хрватите уште преговараат српскиот филмски великан за откупување на правата за серијата.

Додека не се постигне договор, хрватските кабелски оператори имаат обврска да ја затемнат програмата во недела помеѓу 20 и 21 часот.

„RTS прати барање до сите тамошни оператори да постапат така. Ако сакаат да ја прикажуваат Сенките над Балканот, мора првин да го платат продуцентот, поточно Бјелогрлиќ“, тврди за Informer неименуван извор.

Заклучиле дека темата која ја обработува серијата е прилично скокотлива за хрватскиот пазар поради некои историски факти, а особено критично може да се покаже и прифати прикажувањето на усташкиот водач Анте Павелиќ.

„Ја забранивме таму. Знам дека публиката ја бара серијата и сака да ја гледа, се надевам и дека ќе има прилика. Ако чекаат да видат како ќе бида прикажан Павелиќ, тогаш не ми се јасни. Што си мислат, дека ќе го прикажеме како народен херој?“, коментираше Бјелогрлиќ за Informer.