Home Актуелно Заради победата против Аргентина вчера денешниот ден во Саудиска Арабија е прогласен за државен празник

Заради победата против Аргентина вчера денешниот ден во Саудиска Арабија е прогласен за државен празник

Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдул-Азиз Ал Сауд, го прогласи денешниот ден 23 ноември за државен празник.

Националниот празник е прогласен со цел граѓаните на Саудиска Арабија да можат да ја прослават неверојатната победа на нивната фудбалска репрезентација на Светското првенство во Катар над Аргентина.

Сите вработени во јавниот и приватниот сектор и студенти во Саудиска Арабија ќе имаат слободен ден во среда, откако нивната репрезентација ја победи Аргентина со 2-1 во еден од најголемите шокови во историјата на Светските првенства, објави „Дејли мејл“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 реченици кои ја откриваат менталната незрелост

Во времето на брзи заклучоци, површни информации и гласни мислења, вистинската интелектуал…