Home Спорт Кристиано Роналдо и официјално повеќе не е играч на Манчестер Јунајтед

Кристиано Роналдо и официјално повеќе не е играч на Манчестер Јунајтед

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда, Манчестер Јунајтед го раскина договорот со Кристиано Роналдо.

После шокантното интервју кое го даде Роналдо каде отворено го критикуваше клубот, тренерот и соиграчите јасно беше дека тој повеќе нема иднина на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед веднаш почна да работи на раскинување на договорот кој истекуваше на крајот на сезоната.

Клубот сега со официјално соопштение потврди дека со меѓусебен договор Роналдо не е повеќе играч на Манчестер Јунајтед.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…