Запознајте ја верната сенка и десна рака на Кристиано Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Можеби не му го знаете името, но ликот ви е страшно познат. Секогаш е тука некаде кај и да се појави Кристиано Роналдо.

Рики Регуфе веројатно има најмногу фотографии со еден од најпопуларните, ако не и бескомпромисно најпопуларниот, фудбалер на денешницата, иконата од Реал Мадрид и португалската репрезентација – Кристиано Роналдо. Регуфе е сенка и десна рака на Роналдо од 2003 година.

Што точно работи?

Имено, тој е бивш фудбалер кој се впуштил во менаџерските води и лично обезбедил Роналдо да потпише за гигантот во производството на спортска облека и опрема Nike.

Неговата сегашна улога е да биде личен менаџер на Кристиано Роналдо. Тој престојува во куќата од Роналдо заедно со неговото семејство, со нив оди на годишни одмори и летувања, блиски пријатели се онолку колку што можат да бидат блиски најдобрите пријатели.

Нивното пријателство трае 13 години, а секој гол Роналдо го прославува така што нему му притрчува во прегратка. Тој е лице од доверба на португалскиот фудбалер, советник на повеќе животни полиња освен фудбалот, често може да се види со Роналдо, но ретко може да се чуе. Медиумите пишуваат дека прекарот му е Крики.

Daily Mail пишува дека Регуфе прв предвидел голема кариера за младиот Роналдо, а и самиот се занимавал со фудбал до 21 година. Потоа одлучил кариерата да ја продолжи во спортскиот маркетинг.

Да не беше Nike, Регуфе и Роналдо никогаш не би станале пријатели. Сето тоа си има и цена. Надоместокот од Роналдо кон Рефуге годишно изнесува 14 милиони фунти, но, тој самиот тврди дека нивнот пријателство нема цена.

Регуфе го следи Кристиано буквално во чекор. Независно дали станува збор за УЕФА или ФИФА награди во Монако, или на УФЦ борби каде се бори Конор МекГрегор во Лас Вегас, па дури и во посета на Мароко, каде Роналдо има уште еден голем пријател – борецот Амри Кан, Регуфе секаде е со него.

Според Daily Mail и ESPN, Регуфе е мозокот кој стои зад сето она што Кристиано Роналдо ќе го прави и работи кога ќе заврши со активната фудбалска кариера, односно дека тој е оној кој му ја крои иднината на Роналдо после фудбалот, како и дека таа е причината што тој е често во негово друштво, на сите страни од светот.