Home Спорт Започнува распродажба во Барселона

Започнува распродажба во Барселона

Голема плаката „Ликвидација“ веќе стои на прозорецот на канцелариите на Барселона, пишува денес метафорчно весникот „АС“.

Ден после загубеното финале во Купот, Барселона ќе се раздели со тројца фудбалери на кои им истекуваат договорите, Томас Верамелн, Кевин Принц Боатенг и Џеферсон Муриљо.

Потоа следи продажба на голманот Каспер Силесен. Холанѓанецот има клаузула од 60 милиони евра, но Барса е спремна да го пушти за сума помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Малком исто така е на излезна врата и за него интерес покажуваат Тотенхем, Милан и Борусија Дортмумд.

Најмногу Каталонците очекуваат да заработат од продажбата на Филипе Кутињо и Самуел Умтити. Бразилецот пристигна на „Камп Ноу“ за 160 милиони евра со вклучени бонуси, па сигурно Барса за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони евра.

Умтити имаше слаба сезона поради тешки повреди, па неговата цена драстично падна на трансфер пазарот.

Андре Гомес и Денис Саурез кои беа на позајмица во Евертон односно Арсенал исто така ќе бидат продадени, а на излезна врата е и Рафиња Алкантара.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…