Започна судскиот процес против Бјелогрлиќ за физичкиот напад врз Гага Антонијевиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во белградскиот Основен суд вчера започна судењето на познатиот српски актер Драган Бјелогрлиќ за физичкиот напад врз режисерот Предраг Гага Антонијевиќ, кој се случи во август минатата година.

На првото рочиште Бјелогрлиќ се изјасни за невин. Неговата одбрана на следното рочиште ќе изнесе аргументи за ваквото тврдење. Неговите адвокати Горан Драганиќ и Југослав Тинтор изјавија дека нивниот клиент не го сторил кривичното дело за кое е обвинет и дека тоа ќе го докаже.

Тие ја оспоруваат основаноста на обвиненијата и правната квалификација на делото бидејќи тврдат дека нема сериозно нарушување на јавниот ред и мир, а во доказниот материјал побараа и снимките од сите камери на хотелот „Амбасадор“ каде што се случи инцидентот..

Одбраната на Бјелогрлиќ нагласи дека актерот по инцидентот во хотелот дал изјава во полиција, а потоа бил пуштен, а следниот ден бил пречекан од таблоидите со наводи кои ги сметал за неточни, тврдејќи дека „го нападнал Антонијевиќ од зад грб“. Адвокатот на оштетениот Антонијевиќ рече дека смета оти насловните страници на таблоидите не се доказ и дека немаат никаква врска со предметот на обвинението.

Потсетуваме, Бјелогрлиќ по инцидентот изјави дека физички го нападнал режисерот на филмот Дара од Јасеновац бидејќи Антонијевиќ го провоцирал. Од друга страна, Антонијевиќ рече дека Бјелогрлиќ го нападнал затоа што го обвинил за корупција, но му пречел и филмот Дара од Јасеновац, за кој смета дека воопшто не требало да се сними. Тој додаде дека Бјелогрлиќ додека го тепал му повторувал: „Те изеде Дара од Јасеновац“.

„Ме нападна дивјачки.Тоа беше напад на дрогиран и пијан човек.Ме тепаше затоа што мислеше дека Дара од Јасеновац не треба да се снима и дека ја открив неговата корупциска афера.Бјелогрлиќ ми пријде одзади.Не го видов него додека тој седеше со Катарина Радивојевиќ. Има снимки од камерата, немам што да кријам“, изјави тогаш Антонијевиќ за српски „Новости“.