Home Шоубизнис Започна снимањето на „спин-оф“ серијата Game of Thrones

Започна снимањето на „спин-оф“ серијата Game of Thrones

Фамата и лудилото во врска со серијата Game of Thrones се смирија, но обожавателите на франшизата не го преболеа нејзиното завршување. Меѓутоа, наскоро ќе имаат можност да видат како изгледал светото од Game of Thrones пред првата сезона, во новиот „спин-оф“ кој е фокусиран на оваа тематика, пренесува Lad Bible.

Според информациите кои ги пренесува Belfast Telegraph, продукцијата полека почна да работи, камерите се вклучени и екипата се враќа на приватна локација за снимање на првиот сет во Ирска. Според наводите кои ги пренесуваат изворите, поставени се неколку сетови за снимање, а сета таа приказна носи голема радост за обожавателите на оваа сериска франшиза.

„Спин-оф“ материјалот го напиша Џорџ Р.Р. Мартин, а ќе го режира С.Џ. Кларксон. Мартин во неколку наврати кажа дека дејството на серијата е сместено неколку илјади години пред сите случувања од Game of Thrones кои имавме можност да ги гледаме во последната, осма сезона.

„Овој свет е доста поинаков од оној на кој се навикнавме. Се бориме со други нешта“, вели Мартин, додавајќи дека премиерата би можела да се случи во втората половина од 2020 година или на пролет во 2021 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …