Home Актуелно Започна скринингот на средношколците – засега ниту еден позитивен ученик, мал број на дозволи од родителите за тестирањето

Започна скринингот на средношколците – засега ниту еден позитивен ученик, мал број на дозволи од родителите за тестирањето

Во посебни простории во средните училишта почна скринингот на учениците за Ковид 19. Први се тестираат учениците од гимназијата Зеф Љуш Марку и средното медицинско училиште Панче Караѓозов.

Тестирањето го спроведуваат мобилни екипи на ИЈЗ Скопје а како што велат епидемиолозите, процедурата трае само една минута и „не е воопшто болна“. Резултатите излегуваат за три минути а до сега ниту еден ученик не добил позитивен резултат.

Директорката на средното медицинско училиште, Маја Салиу рече дека родителите добро го пречекале скринингот и немало тешкотии во текот на добивањето дозволи за тестирање. Малкумина од родителите одбиле, велејќи дека го поминале вирусот и затоа нема потреб а, вели Салиу.

Во 9 средни училишта во Скопје се тестирале 258 ученици а на територија на државата вкупно ќе се тестираат 8200 ученици. Скринингот ќе продолжи во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричани и Центар Жупа.

Целта е рана детекција и евентуално откривање на асимптоматски носители на вирусот Ковид 19 меѓу учениците. Со релевантни податоци ќе с е добие целосна слика за трансмисија на вирусот во училиштата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…