Home Актуелно Започна реновирањето на скопската Зоолошка градина

Започна реновирањето на скопската Зоолошка градина

Со реконструкција на живеалиштето на жирафите почна проектот за реновирање и реконструкција на Зоолошката градина во Скопје.

„Ќе се реконструира живеалиште по живеалиште секаде каде што има потреба. Реновирањето на живеалиштата на животните е една од главните точки на проектот ‘Европска зоолошка’“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Како што информираат од скопската Зоолошка, таму веќе се пристигнати камионите на градежната фирма „АД Карпош“, кои ќе работат на реконструкција на внатрешното живеалиште на жирафите. Реновирањето пред зимскиот период е донација од оваа градежна фирма

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…