Видео: Тенисерка ја соблече маичката среде меч, па „зажали“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Француската тенисерка Ализ Корне беше поразена на стартот на УС Опен, но резултатот остана во втор план поради „потегот“ кој го направи Французинката.

Високите температури во САД им прават проблеми на многу тенисери. Корне во вториот сет излезе со маичка која беше облечена наопаку, па на среде терен се соблече за да доведе во ред опремата.

Меѓутоа, судијата веднаш ја казни Французинката поради „кршење на етичкиот кодекс“.