Home Шоубизнис Замолкна гласот на легендарниот баритон – почина Дмитри Хворостовски

Замолкна гласот на легендарниот баритон – почина Дмитри Хворостовски

Рускиот оперски пејач, баритонот ДмитријХворостовси, почина на 56-годишна. Легендарниот баритон ја загуби битката со тешката болест која ја имаше – тумор на мозокот.

Хворостовски почина изутринава, во неговиот дом во Лондон. За неговата болест се дозна во јуни, 2015 година, кога беше принуден да ги откаже сите настапи и концерти заради подложување на третмани. Лекарите му дијагностицираа тумор на мозокот.

После серија третмани, Хворостовски се врати на сцената за неколку месеци, но есента 2016 повторно беше принуден да се подложи на хемотерапија.

Неговиот глас остави траен печат и влијание во светската класична, но и популарна музика. Серија интерпретации на класични оперски арии, но и други покомерцијални нумери, ќе треба да почекаат нов великан од негов ков за да бидат изведени на таков начин, со таква страст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…