Заминува во ИСТОРИЈАТА: Престанува производството на легендарната „буба“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот „Фолксваген“ ќе престане да ја произведува „бубата“ која прва на себе ги имаше фабричките тркала во далечната 1938. година. Произведувачот на автомобили соопшто дека наместо тоа ќе се фокусира на теренски и електрични возила.

Компанијата одлучи да го прекине производството во фабриката во Мексико, но нед пред во јули следната година да ги промовира двете посебни изданија на „Final Edition SE“ и „Final Edition SEL“. Ќе бидат достапни како купе и кабриолет.

Губењето на бубата по три генерации и седум децении ќе разбуди бројни емоции од љубителите на култниот автомобил, вели директорот на фабриката, Хинрих Воебкен.

Бубата првобитно е дизајнирана 30-те години од минатиот век во Германија како економичен автомобил за широката маса. По Втората Светска војна, исклучително станува популарна ширум светот, особено кај младите.

Автомобилоѕ стана икона на хипи движењето и контракултурата во текот на 60-те години, но полека во текот на 70-те, почна да паѓа продажбата, за во 1978., Фолксваген од производство на бба да се ооткаже од сите фабрики освен во Мексико и Бразил.

Сепак, германскиот производител се обиде да го оживее култниот автомобил со редизајн во 1998. година. Новата „буба“ најмногу е привлечна за женските купувачи.

Покрај прекинувањето на производството во Фолксваген оставаат можност бубата во иднина да се врати.