Home Актуелно Заев тврди дека во април Владата сигурно ќе направи попис на населението

Заев тврди дека во април Владата сигурно ќе направи попис на населението

Премиерот Зоран Заев, во име на владината одлука за тоа, категорично тврди дека попис на населението во Македонија (кој не е направен цели 20 години) ќе биде спроведен во април, 2021 година.

„Сите законски и други услови за одржување на пописот се завршени. Законот за попис деновиве, а можеби дури и денеска ќе биде на пленарна седница за конечно усвојување на Законот. Граѓаните бараат попис, на државата и треба пописот“, рече премиерот на денешниот отчет по повод 100 дена од работењето на новата Влада.

„Веднаш по формирањето на владата ја потврдивме и определбата за спороведување на попис на населението како еден политички договор предвиден за април наредната година како важен статистички процес кој всушност е дел од планирањето на владината политика“, рече вицепремиерот Артан Груби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…