Заев порача: Попис од 1 до 21 април, предвремени парламентарни изборни нема да има


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев денес категорично ја отфрли можноста за предвремени парламентрни избори заедно со локалните избори. Во врска, пак, со пописот изјави дека ќе се одржи како што е предвидено од 1 до 21 април годинава.

Одговарајаќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по потпишување на договорот за грант за енергетска ефикасност со германската КфВ банка, Заев го повика лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, да престане да ја замајува јавноста со барањето за предвремени избори заради свои внатрепартиски причини, пренесува Независен.

„Локални избори заедно со парламентарни нема да има. Ја повикувам секоја партија која што мисли дека треба да има, нека се изасни јавно. Коалиционите партнери – владини и тие што го сочинуваат парламентарното мнозинство апсолутно се на ставот дека во државата треба конечно да има редовни избори“, рече Заев.

Тој истакна дека дојде време да се работи и да се сработи до крај, заради тоа што е важен секој месец, секој ден, секој час, а не постојано да се оди на избори.

„Бевме на избори, прифативме предвремени парламентарни избори на барање на опозицијата, ја утврдивме евроатланската агенда и завршија изборите и изгуби ВМРО ДПМНЕ. Сега повторно да одиме на предвремени парламентарни избори? Зошто? Затоа што така мисли Мицкоски? Не, нема потреба да одиме, нема причини зошто да одиме. Треба да одработиме, и ако треба по 100 пати да повтроруваме за тоа, ќе повторуваме, рече Заев.

Тој нагласси дека дефинитивно, парламентарно мнозинство за одлука за предвремени парламентарни избори нема.

„Ако го има, Мицкоски нека го покаже и нека ја донесат комплетно одлуката како што мислат, рече Заев, порачувајќи дека Мицкоски треба да престане да залажува заради свои внатрепартиски потреби одредени нерални агенди.

„Тоа е неодговорно и влијае врз економијата. Предвиливоста за економијата е важна. Сите деловни луѓе треба да знаат, секое семејство, секој граѓанин, за да може да прави предвидливост за плановите – ќе има редовни парламентарни избори во 2024 година“, рече Заев.

Во врска со пописот, премиерот уште еднаш нагласи дека тој треба да се одржи како што е предвидено, како и дека податоците од пописот се важни за државата и за планирање на нејзиниот развој.

„Дебатата за пописот е завршена. Попис од 1 до 21 април ќе се спроведе во нашата земја. Ние сме една од ретките земји во светот, кои што 20 години немаат попис и треба да бидеме уште поодговорни час поскоро да го спроведеме пописот“, рече Заев.

Тој додаде дека во духот на инклузивноста и обидот за постигнување консензус,  имале разбирање за сите предлози и се што може да биде прифатливо и разумно, но дебатата за пописот е завршена.

„Доста беше дебатирање, дајте да седнеме и да го завршиме тој попис, затоа што, ниту ќе смени нешто политички во државата, ниту ќе скрати, ниту ќе дополни одредени предности, правила, привилегии или било што“, истакна премиерот Заев, додавајќи дека методологијата веќе е објавена и одговорени се сите прашања, како и дека е обврска на секој граѓанин да се попише.

„Има сериозни санкции за одбивањето, за давање одговори, односно непопишување со самиот попис. Тоа е граѓанска обврска кон државата и верувам дека сите ќе ја исполниме“, истакна премиерот Заев.