Home Актуелно Заев: ФФМ е заробена исто како што ни беше заробена и државата

Заев: ФФМ е заробена исто како што ни беше заробена и државата

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за „Коха“ отворено зборуваше против првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини. Според него, сите федерации го почитуваат законот за спорт, освен Фудбалската федерација на нашата држава.

„ФФМ е заробена како што ни беше државата заробена на нетранспарентен и строго контролирачки начин преку огромните милиони со кои што располага ФФМ буквално се менаџираат и купуваат делегати мислам дека не е слободно, зошто?. Сите федерации во државата го почитуваат законот за спорт само ФФМ не го почитува. Во законот за спорт кажува дека делегати во Собранието даваат прво членките на таа федерација, клубовите, не може Шкендија да нема делегат, не може Беласица да нема делегат или Пандев да нема делегати или не знам Шкупи“, вели Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…