Home Актуелно Заев, Димитров, Спасовски и Џафери на чело од маршот „ЗА“ поддршка на референдумот во Скопје

Заев, Димитров, Спасовски и Џафери на чело од маршот „ЗА“ поддршка на референдумот во Скопје

Со траспарент и беџови „Излези ЗА! европска Македонија”, со македонски и знамиња на ЕУ во Скопје се одржува маршот на поддржувачите на Коалицијата “ЗА европска Македонија”.

Со транспарентот „Излези ЗА! европска Македонија” граѓаните ги предводеа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министрите Никола Димитров, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Собирот е пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Македонија, а започна со интонирање на македонската химна и на Одата на радоста.

Во Скопје за маршот организирано со автобуси пристигнаа граѓани од цела Македонија.

Фото: К. Попов (Извор: СДК)

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…