Заборавете на индексот на телесната тежина: Еве ја вистинската причина, за развој на кардиоваскуларните ризици по здравјето!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Луѓето со нормална телесна тежина на кои струкот им се проширува од боковите, се во поголема здравствена опасност од оние кои се со поголема телесна тежина, велат ескпертите.

Изгледа дека кај луѓето со нормален индекс на телесна маса, двојно се поголеми шансите за срцеви проблеми, отколку кај останатите, односно оние кои имаат „резервна гума“ околу струкот, вели главниот автор на студијата др. Хосе Медина- Инјоса од клиниката Мајо.

Во неговата студија на почетикот на истражувањето биле вклучени 1700 лица постари од 45 години. ГИ следел од 2000. до 2016. година. Резултатите, кои Медина- Инјоса неодамна ги претстави на собирот на светски кардиолози во Љубљана, покажуваат дека непропорционалниот опсег околку струкот носи поголем ризик од развој на срцеви болести. Со други зборови, оние кои имаат тело во облик на јаболко, иако се со нормална тежина, мораат да внимаваат. Опсегот на струкот станува проблематичен, вели докторот, кога ќе достигне или премине 90% од опсегот на колковите кај момците или 85% кај жените. Тоа се нарекува „абдоменална дебелина“.

Како да го решите овој проблем?

„Стомакот е првото место на кое складираме маст, па подобре е да се смести во категоријата заканувачи по БМИ, но да се нема многу маст околу стомакот. Таквите луѓе имаат повеќе мускулно ткиво, а мускулното ткиво метаболитички помага во намалувањето на разината на липидноста и шеќерот во крвта“, вели Медина-Инјоса.

„Но, ако имате масти околу стомакот и тие се поголеми од вашите бокови, би требало да посетите лекар да го процени кардиоваскуларниот ризик и дистрибуцијата на мастите. Во таквите случаи, целта на слабеење, треба да биде губење на салото кај стомакот, а не исклучиво телесната тежина“, објаснува.

Тоа може да се постигне со вежбање, намалување на седечкиот начин на живот, одење по скали, излегување од автобус неколку станици пред вашиот дом, зајакнување на мускулите и редуцирање на внесувањето на рафинирани јаглерохидрати. Нагласено е и дека лекарите не би требало автоматски да претпоставуваат дека нормалниот БМИ исклучува ризик од развој на срцеви болести.