Заборавете ги 222 милиони од Нејмар, наскоро доаѓа трансфер од милијарда евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Борусија Дортмунд, Петер Бош убеден е дека не е далеку денот кога некој фудбалер ќе биде платен милијарда евра.

Нејмар ова лето предизвика „земјотрес“ на трансфер пазарот кога за сума од 222 милиони евра се пресели во ПСЖ и стана најскапиот фудбалер во историјата.

Сепак, Бош смета дека таа сума за многу брзо време ќе биде „мала“ бидејќи цената на фудбалерите вртоглаво расте.

„Парите кои се платени за Нејмар наскоро ќе се сметаат како нормална сума за трансфер на еден фудбалер. Се приближува денот која трансферот ќе изнесува една милијарда евра“, изјави Бош.

„Клубовите многу брзо ги враќаат тие пари со продажба на дресови и разни други маркетиншки активности“, заклучи тренерот на „милионерите“.