Home Актуелно За Заев „хаосот и проблемите“ со анти-ковид мерките на митинзите ги правеле непредвидените симпатизери

За Заев „хаосот и проблемите“ со анти-ковид мерките на митинзите ги правеле непредвидените симпатизери

Министерот за здравство Венко Филипче, онака, во дипломатски елемент и стил, признава дека политичарите треба да бидат повнимателни и рече дека ќе побара од политичките партии сите да носат маска и на отворено за време на партиските предизборни митинзи.

Премиерот Зоран Заев вината за непочитување на растојанието и другите правила им ја префрли на непредвидените симпатизери кои им се придружуваат на партиските собири.

На собирите кои се организирани од партиите пред локалните избори, повеќето граѓани но и самите организатори не носат маска и не држат растојание. Протоколите за заштита од Ковид 19 предвидуваат дека доколку се одржуваат масовни собири и не може да се почитува одржувањето дистанца, граѓаните треба да носат маска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…