Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Социјалните платформи Фејсбук и Инстаграм, како и апликацијата WhatsApp, во моментов се недостапни за пристап и користење на голем број корисници во земјава и генерално, на целата планета.
Големиот „пад“ на овие три сервиси, сите во сопственост на Фејсбук, се случува набрзо по објавувањето на интервјуто со Францес Хауген, поранешна вработена во Фејсбук, на американсата ТВ емисија „60 минути“.
Хауген откри дека таа е „свиркачот“ кој во изминатите месеци испрати доверливи информации до медиумите дека компанијата давала приоритет на профитот пред безбедноста на мрежата. Сега и со име и презиме Хауген го обвини Фејсбук дека ги засилувал своите алгоритми за откривање и блокирање на лажни вести под притисок на јавноста, за веднаш штом ќе помине притисокот да се врати „стариот“ слободен систем на ширење секакви информации во име на раст на мрежата.
Проблемите со Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp почнаа пред околу еден час (17:30 ч.). Компанијата пред малку реагираше на Твитер.
„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми да пристапат до нашите апликации и производи. Се обидуваме да ги вратиме работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“, напишаа од Фејсбук на социјалната мрежа Твитер.