За прв пат во нашата држава се одржа Ендуро Крос трка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Саботата на 30-ти Март во Скопје во Хотелот Белви за прв пат во нашата држава се оддржа Ендуро Крос трка која беша во организација на Мото Клубот Ендуро Тим Водно од Скопје.

Интересот беше огромен ,како за возачите така и за публиката.

Пријавени натреварувачи имаше од целата држава (стартуваа 63 мотори)а имаше над 1500 посетители. Трката се одвиваше на база на елиминации, поточно стартуваат 4 возачи , а од нив само двајца одат во следниот круг,и така се до големото финале каде победници беа:

1-ви во место Христиан Станковиќ, 2-ро Јован Јовановски, 3-то Дардан Дехари 4-то Павел Ивановски.

„Станува збор за прва трка од овој тип во нашата држава која ја организира нашиот клуб.Изненадени сме од интересот на возачите и огромниот број на посетители. Во целина трката помина одлично и што е најважно за нас како организатори немаше ниту еден инциден ниту повреда на возачите. Патекате се работеше повеќе од еден месец.Се работи за патека која бара многу техника и вештина од возачите,и искрено бев изненаден од одличното возење на натпреварувачите“

„Морам да се заблагодарам на сите наши поддржувачи на овој настан а посебно на:
Динамикс Скопје,Мотул Македонија и Скај Мото Скопје,како и сите останати без кои тешко ке успеевме да ја организираме оваа трка. Во план е до крајот на оваа година да се оддржи уште еден ваков настан,а се надеваме во иднина и да имаме шампионат во Ендуро Кросс“, изјави Владимир Димов, претседател на МК Ендуро Тим Водно.