Последните разговори на пилотот од приватниот авион што се урна кај Солунска Глава

Aeroexpo

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Приватниот авион „цесна“ кој се урна во близина на планинскиот врв Солунска Глава, се обидувал да се упати во правец на Скопје поради лошите временски услови со кои се соочил пилотот кој го управувал.

Обидот за пренасочување на летот кон скопскиот аеродром приватниот авион се обидел да го направи 20-тина минути после полетувањето. Но, од засега неутврдени причини се урнал, пренесува бугарскиот портал „24 часа“, повикувајќи се на извори од македонската воздухопловна агенција.

„Авионот „цесна“ за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија, лоциран е од екипи на МВР синоќа, нешто по 19 часот, на околу пет километри северозападно од Солунска Глава.

Бугарскиот портал „њузбг“ пренесува дека сопругот бил бизнисмен којшто се занимавал со рециклирање на отпад, а сопругата – адвокат. Мажот, којшто управувал со авионот имал аматерска лиценца за пилотирање издадена од бугарските власти.

Денеска увидните екипи со хеликоптери пруистигнаа на местото каде што се урна авионот.