Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во период кога во Холандија за мисица прв пат е избрана трансродова жена, Мис Италија објави дека нема намера да дозволи трансродови жени да учествуваат во натпреварот и дека сите учеснички „мора да бидат жени од раѓање“.
„Во последно време натпреварите за убавина се обидуваат да добијат на внимание користејќи стратегии кои сметам дека се малку апсурдни.
Од создавањето, изборот имаше прочистување на правилата за разјаснување дека учесничките мора да бидат жени од раѓање. Веројатно затоа што, уште тогаш, се предвидуваше дека убавината може да претрпи одредени модификации, или дека жените би можеле да претрпат одредени модификации, или дека мажите би можеле да станат жени,“ објаснува официјалниот патрон на Мис Италија, Патриција Мириљани.
Таа изјавила дека иако е среќна што холандскиот избор вклучил и трансродова жена, италијанските правила нема да се променат за да се дозволи учество на трансродови жени.
Изјавата на Мирљани следува неколку недели откако Мис Холандија ја имаше својата прва трансродова жена како победничка, која со таа титула ќе ја преставува земјата на Мис Универзум 2023.
Мис Универзум уште во 2013 ги смени правилата и дозволи да се натпреваруваат учеснички кои не се родени како жени. Првата трансродова учесничка на изборот беше Мис Шпанија во 2018.