За неа „Хитлер и Тито биле исти“ – Захариева, седи, кец за на полагање!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Захариева очигледно начисто го загуби политичкиот разум и совест, кога отворено јавно почна да пласира вакви муабети. И тоа за германски весник.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека одбележувањето на 40-годишнината од смртта на Јосип Броз Тито од страна на Град Скопје е исто како градоначалникот на Берлин да прославува годишнина од смртта на Хитлер, во интервју за германскиот весник „Велт“. Захариева нешто слично кажа и на 15 ноември, кога скопскиот градоначалник Петре Шилегов и одговори дека зборува глупости.

На прашањето, дали има надеж да се најде компромис до крајот на годинава, кога завршува германското претседавање со ЕУ, Захариева одговара со цитат од францускиот претседател: „Квалитетот е поважен од брзината на процесот“ и бара да престане „омразата“. Бугарската министерка информира дека од 1 септември до 20 ноември биле избројани „14.699 негативни објави за Бугарија во северномакедонските медиуми, и само четири неутрални“.

„Во Бугарија, во истиот период, имаше 450 позитивни извештаи за Македонија во медиумите“, вели Захариева и продолжува:

„Тоа покажува недостаток на плурализам. Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање затоа што ја славеа четириесет годишнината од смртта на еден од најмрачните диктатори – Тито. За помалку од десет години тој убил речиси 1,7 милиони луѓе во поранешна Југославија. А тие таму го слават него. Градоначалникот на Скопје е партиски другар на Заев. Потоа веќе таму не бев толку популарна. Ама тоа е исто како градоначалникот на Берлин да дојде на идеја да го слави денот на смртта на Хитлер“, заклучува Захариева во интервјуто за Велт.

Во Скопје немаше никакво официјално одбележување на 40-годишнината од смртта на Тито. Дополнително, не е познато од каде ја има статистиката Захариева за бројката од 1,7 милиони убиени луѓе во поранешна Југославија за помалку од десет години.