Home Актуелно За на суд болен, а за на рипче здрав и прав: Грујевски фотографиран на рибник во кичевско

За на суд болен, а за на рипче здрав и прав: Грујевски фотографиран на рибник во кичевско

Поранешниот началник на тајната полиција, Горан Грујевски кој е првообвинет во случајот Тврдина 2 на СЈО и е на боледување, бил уловен од приватен фотоапарат во близина на рибник кај местото Долно Другово, Кичевско, дознава Макфакс.

На минатото рочиште за случајот Тврдина 2 оправдување за неговото отсуство достави адвокатот Петар Василев кој приложи и медицинска документација за состојбата на Грујевски.

Отсуството на обвинетиот Грујевски според обвинителите на СЈО е симптоматично, бидејќи тој е забележан во кругот на МВР и затоа побараа снимки од видео-надзорот и од системот за евиденција. Одбраната пак, тврдеше дека со тоа се прави притисок врз обвинетиот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…