Home Актуелно За една недела ќе започне менувањето на таблите со новото име на Македонија

За една недела ќе започне менувањето на таблите со новото име на Македонија

Во период од една до две недели ќе започне промената на официјалните државни табли со нови на кои ќе биде новото уставно име на Македонија, Република Северна Македонија, соопштија од Владата по синоќешната 117-та седница.

Оваа мерка стапува во сила веднаш после ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Република Грција, и кои ја регулираат употребата на новото уставно име согласно амандманите. Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, според најавите на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, се очекува да биде потпишан уште следната недела.

„Согласно овие заклучоци, надлежните министерства, државни органи и институции, јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата во предвидениот рок по стапувањето на сила на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, ќе треба да извршат промена на таблите на граничните премини и државната граница на нашата земја, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите“, гласи соопштението на Владата.

Истовремено и службите за односи со јавност на државните институции ќе добијат упатства како да комуницираат со медиумите. Препораки ќе добијат и општините.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…