Home Актуелно За децата термин за вакцина – родителите мора да закажат онлајн

За децата термин за вакцина – родителите мора да закажат онлајн

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес ифнормираше дека вакцинирањето на децата, за разлика од возрасните, ќе треба да се закаже на сајтот vakcinacija.mk.

Како што додаде тој, пријавувањето почнува денеска, а ќе се одвива до четврток кога заинтересираните ќе го добијат термините за вакцинирање.

„Вакцината на Фајзер кога еднаш ќе се отвори мора да се вакцинираат 6 лица, бидејќи во вијалата има 6 дози. Ако се јави 1 или 2 деца има голем ризик да се фрлат одреден број вијали. А, тоа не сакаме да се случи што значи дека родителите и старателите ќе може да ги регистрираат и од петок ќе започне апликацијата на вакцините“, појасни Филипче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Јасни знаци дека вашиот сопруг веќе не го поднесува вашето присуство

Јасни знаци дека вашиот сопруг веќе не може да го поднесе вашето присуство Границата помеѓ…