За 24 часа 12 нови случаи на заразени со коронавирус во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Статистичките официјални податоци упатуваат дека во последните 24 часа во Македонија има 12 нови заразени лица од коронавирусот.

Процентуално земено, тоа е намалување на бројот на заразени лица на дневна основа во однос на последните два дена кога имаше над 20 случаи на ден. Од нив 7 се од Скопје и 5 од Куманово. Алсат дознава дека меѓу заразените има и тројца полицајци. Бројот на заразени лица во нашата земја сега достигна 148.

Бројот на заразени низ градовите

Скопје -88 случаи
Дебар -40 случаи
Куманово -8 случаи

Штип -7 случаи

Кавадарци -2 случаи
Охрид -2 случаи
Гостивар -1 случај

Од Министерството за здравство апелираат сите лица кои имаат симптоми и се сомневаат дека можеби имаат корона вирус да се јават кај матичниот лекар наместо да одат самите на клиника. Матичниот доктор, по прашањата кои ќе постави ќе одлучи дали е потребно или не пациентот да се тестира за коронавирус. Од суштинско значење за сите е граѓаните да одговорат искрено на сите прашања поставени од нивниот матичен лекар. Во случај да е потребно тестирање, матичниот лекар ќе закаже термин преку „Мој термин“ на еден од четирите контролни пунктови, во зависност од местото на живеење на пациентот.

Министерството за здравство информира дека е невозможно да се направи тестирање без закажан термин, затоа на граѓаните им се советува да не одат лично на клиника. Телефонскиот број 0800 002 03 е исто така достапен за информирање. Четири пунктови за тестирање се: на поликлиниката Чаир, поликлиниката „Јане Сандански“, клиниката „Жан Митрев“ и Институтот за јавно здравје.

Бројот на граѓани во самоизолација и карантин е 10 100. Во нашата земја починаа две лица заразени од коронавирусот, 57-годишна жена од Куманово и 63-годишен маж од Дебар.