Актуелно

Европската унија донесе одлука за безусловно отпочнување преговори за членство со Македонија и Албанија

Членките на Европската унија постигнаа договор за отворање безусловни преговори за членство на Македонија и Албанија.

„Задоволен сум што земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји. Со ова е испратена силна порака за Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји.

„Во исклучително тежок момент за нашата држава, за Европа и за целиот свет, денес од Брисел ни пристигна убава и долгоочекувана вест. Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската Унија. Стигна верификацијата за успехот на нашите напори. За истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции да ги спроведат реформите кои ги поставивме како наша цел уште во 2017 година. Успешните реформи ја кренаа бариерата. Патот ни е отворен и единствената насока е само напред. Стигнавме до точката каде се гледа дека нашата перспектива е во ЕУ. Тоа е точка од која враќање назад нема“, рече премиерот Оливер Спасовски.

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја сподели веста на социјалните мрежи.

„Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија.

Advertisements
To Top