За 20 дена заработка од над милијарда долари – тоа го може само оваа франшиза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден куп генерации пораснаа со филмовите од оваа франшиза и тој тренд не само што не запира, туку и добива прогресивно растечки тренд.

Последното продолжение од серијалот „Војна на ѕвездите“ наречено „Последниот џедај“ за 20 дена успеа да заработи 1,04 милијарди долари, со што според заработката е на 24. место.

Се очекува филмот да се искачи на таа позиција, со оглед на фактот дека неговата премиера во Кина следи допрва.

Засега последното продолжение на научнофантастичната сага, го надмина „Убавицата и ѕверот” на „Дизни“, најуспешниот филм во САД во 2017 година, со заработени 504 милиони долари.