За 2 секунди не го сруши светскиот рекорд: Лудиот финиш на Бекеле на Берлинскиот маратон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последните пет најлуди минути од финишот на маратонецот Кенениса Бекеле кој на BMW маратонот во Берлин викендов за само две секунди не успеа да го сруши светскиот брзински рекорд во маратонско трчање.

После лудо патешествие од 42 километри, Бекеле во обидот да го сруши светскиот маратонски рекорд, финишираше за неверојатни 2 секунди подоцна од најдоброто време.

Поранешниот олимписки и светски шампион, Кенениса Бекеле имаше фантастичен кам-бек во својата тркачка кариера со победа на маратонот во Берлин во неделата, поставувајќи второ најдобро време во историјата, за само 2 секунди зад светскиот рекорд.

Етиопјанецот Бекеле, кој победи во Берлин во 2016 година, а покрај тоа е светски рекордер на 5.000 и 10.000 метри, ја заврши брзата патека за 2:01:41, за две секунди поспоро од рекордот на Кениецот Елиуд Кипчоге, кој лани истрча 2:01:39, а ќе се обиде да го сруши митското време од 2 часа на маратонот во Виена на 12 октомври.